26 април, 2025
ПочетнаМАКЕДОНИЈАПетарди - опасна забава

Петарди – опасна забава

Изгледа дека многу луѓе не можат да замислат новогодишна или божиќна прослава без пукање петарди и огномет, но она што често го забораваат е дека овие пиротехнички средства воопшто не се безопасни. Повредите кои ги предизвикуваат може да варираат од благи изгореници до рани што резултираат со ампутација на екстремитетите.

За жал, децата често се тие кои завршуваат на операционата маса. Кај нас поради непрофесионална употреба секоја година се повредуваат голем број на деца, тијенџери и возрасни.

Она што охрабрува е што користењето на овие средства полека се намалува, а има се помалку места каде што може да се купат.

Резултатите од анализите од изминатите неколку години покажуваат дека имаме мало намалување на употребата на пиротехничките средства, како и времето кога се користат. Порано пиротехниката се користеше веќе од почетокот на ноември, но сега тоа не е случај. Генерално, употребата започнува од 15 декември и трае до стара Нова година.

Се намалува и бројот на места каде што нелегално може да се купи пиротехника. Порано можеше да се купи на секое ќоше – на битпазар, на улични тезги, по патеки, пред трговски центри, на семафори, по маркети…

Поради пиротехнички средства многу сограѓани имаат проблеми. Бучавата што ја произведуваат им пречи на децата, особено на малите со аутизам, како и на постарите и болните, како и на домашните миленици.

Пиротехниката содржи експлозивно полнење и е поделена во четири класи според јачината. Само една петарда содржи осум грама барут. Станува збор за „мала бомба“ која може да предизвика сериозна експлозија и да произведе звук до 120 децибели што може да го пробие тапанчето.

Во првата класа спаѓаат прскалки и огномет за колачи и колачиња. Тие можат да се користат во затворени простории и да се купат во продавници. Класите втора, трета и четврта, особено класата втора – која е најчеста, која вклучува петарди, огномет, римски свеќи, факели… – не смеат да се продаваат на лица помлади од 18 години.

Кај животните, експлозијата на петарди може да предизвика смрт

Влијанието на бучавата од пиротехничките средства предизвикува стрес кај животните – кучиња, мачки, птици… Животните не разбираат што се случува околу нив, па бегајќи од бучавата, може да завршат во некоја дупка или шахта, да истрчаат под тркалата на автомобил, а поради шокот, зголеменото лачење на адреналин може да доведе до забрзан пулс, па дури и до смрт. Сопствениците треба, доколку е можно, да ги чуваат своите миленици во станот за време кога се очекува најмногу да се користат пиротехнички средства и во области каде што бучавата најмалку се слуша. Или да се консултираат со ветеринар и по негов совет да им дадат седативи додека не престане пукањето на петардите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП