23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарија според златото втора земја во Европа

Бугарија според златото втора земја во Европа

zlato13

Во Бугарија минатата година се произведени 5.302 килограми злато, со што Бугарија се наоѓа на второто место во Европа.

Минатата година, приходите од концесија за благородни метали изнесувале околу 93 милиони евра, што е три пати повеќе во споредба со 2011 година.

Неодамна беа потврдени наоѓалиштата на злато во околина на Трн и во местото Милин камен, во близина на Брезник.

Според податоците на Светскиот совет за злато, Бугарија располага со 40 тони резерви на злато и се наоѓа на третото место на Балканот, зад Грција која поседува 118 тони и Романија која поседува 104 тони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП