7 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајбогатите Французи годинава изгубија 70 милијарди долари поради падот на побарувачката за...

Најбогатите Французи годинава изгубија 70 милијарди долари поради падот на побарувачката за луксуз

Најбогатите француски милијардери Бернар Арно, Франсоаз Бетенкур Мејерс и Франсоа Пино изгубија околу 70 милијарди долари од своето богатство оваа година, бидејќи побарувачката за луксузни стоки опадна, а политичката нестабилност ја ограничи потрошувачката.

Компанијата LVMH на Бернар Арно, козметичкиот гигант L’Oréal во сопственост на Бетенкур Мејерс и компанијата Kering контролирана од Пино се меѓу најголемите губитници за оваа година на париската берза, а акциите на Керинг, сопственик на брендот Гучи, паднаа за дури 41 отсто од почетокот на годината, пренесува Блумберг.

Се очекуваше дека кинеските потрошувачи ќе бидат двигател на растот на продажбата во 2024 година, но овие предвидувања не се остварија, коментира Ариана Хајат, менаџер на фондови во финансиската групација Едмонд де Ротшилд. Според неа, на пазарот има одреден „луксузен замор“ по три години исклучителен раст на побарувачката.

Кинеските купувачи потрошија помалку од предвиденото, а нестабилната политичка сцена во Франција го намали интересот на инвеститорите.

Продажбата на луксузни стоки и козметика порасна по пандемијата на коронавирус кога потрошувачите имаа повеќе пари за трошење по заклучувањето, но сега тој тренд е обратен. Членот на инвестицискиот комитет на Кармињак, Кевин Тозе, верува дека почнувајќи од 2023 година, луксузниот сектор едноставно ќе се „врати во реалноста“ по неколку многу успешни години,

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП