22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрозданов: Потребни ни се квалитетни одлуки базирани на наука за да ги...

Грозданов: Потребни ни се квалитетни одлуки базирани на наука за да ги искористиме придобивките од природното богатство

Доколку надлежните сакаат да носат „квалитетни одлуки за развој на животниот и здравствен развој на граѓаните на Македонија“ тие одлуки треба да се носат во консултација со научници и професори кои најдобро ги знаат како да се искористи максимум од потенцијалот на македонското рударско богатство, а притоа да се заштити животната средина, вели Виктор Грозданов, аналитичар и рударски инженер во својата последна колумна во која пишува за предизвиците со кои се соочуваат инвестициите во развој на рударската индустрија кај нас.

На Македонија и е исклучително важно да ја слуша науката зошто таа знае да ги слуша потребите на граѓаните и државата пред сите други интереси, смета Грозданов.

„Главен проблем е игнорирањето на науката и во моменти на агонија создадена од неедуцираност добиваме паушални процени кои внeсуваат паника кај граѓаните. Така е најлесно“, вели Грозданов.

Пишувајќи за отпорот што често се дава отстрана на активисти за отворање на нови рудници и дека во некои случаи по отворањето на рудниците се покажал како неоправдан го посочува примерот со рудникот во Австралија. Негодувањето на рудникот запреле со почетокот на работа на рудникот кога и локалното население и локалната економија ги забележуваат придобивките од рударскиот капацитет преку илјадници вработувања и допринес кон развој на регионот.

„Кај нас пак досега се познати активностите на регионалната иницијатива „Зелена котлина“, која организираше низа протести против отворањето на рудникот во Иловица. Сепак, се погласни станаа експертите кои ја користат науката и макроекономските аналитичари кои на основ на анализите гледаат кон југоисточниот регион на земјава за потенцијалните придобивки од отворањето на рудникот“, пишува Грозданов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП