28 март, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАФирмите ќе плаќаат до 100% повеќе за експлоатација на природни ресурси –...

Фирмите ќе плаќаат до 100% повеќе за експлоатација на природни ресурси – Министерството за енергетика со нов тарифник воведува ред и фер наплата“

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, со цел воведување ред во користењето на националните богатства.и фер наплата, од 1 јануари 2025 година започнува со наплата на до 100% зголемени надоместоци за експлоатација на природните ресурси.

Со измените во Тарифник за утврдување на висината на надоместоците за издавање на дозволи и концесии за вршење детални геолошки истражувања и концесии за експлоатација на минерални суровини, надоместоците за минерални суровини се зголемуваат до 100%, што ќе значи и значајно зголемување на приходите за државата. Предлогот на министерството за зголемување на надоместоците е усвоен од Владата и објавен во Службен весник, со што новиот Тарифник почнува да се применува на 1 јануари.

Клучните измени вклучуваат:

• За користење на просторот за експлоатација:Надоместокот се зголемува за околу 30%.

• За експлоатација на мермер: Надоместокот ќеизнесува 5% од приходот од продадената минералнасуровина, наместо досегашниот процент од фиктивнацена.

• Металични минерални суровини: Зголемување оддосегашните 2% на 4%.

• Неметалични минерални суровини: Зголемување вопросек над 100%.

Измените не ги засегаат надоместоците за енергетскиминерални суровини, како јаглен, со цел да се спречидополнителен раст на цената на електричната енергија.

Со оваа мерка, годишниот приход од концесиските надоместоци, кој моментално изнесува околу 10 милиони евра, значително ќе се зголеми. Овие средства ќе бидат насочени кон подобрување на јавните услуги и поддршка на економскиот развој.

„Со новите измени обезбедуваме фер наплата за користење на нашите национални богатства, штитиме одржлив развој и гарантираме придобивки за сите – и за државата, и за приватниот сектор.“ изјави министерката Сања Божиновска.

Министерството се раководеше од детална анализа нарегионалните и светските практики, како и препоракитеод Државниот завод за ревизија. Извештајот од април 2024 година потенцира дека концесиските надоместоци воМакедонија се најниски во регионот, што ја поттикнапотребата за измени. Дел од анализите ги испраќаме восостав на ова соопштение до јавноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП