Руските компании почнаа да користат биткоин и други дигитални средства во меѓународните плаќања, изјави во средата рускиот министер за финансии Антон Силуанов.
Во изјава за рускиот државен канал „Россија-24“, Силуанов рече дека биткоините ископани во Русија може да се користат во експериментален процес за меѓународни плаќања и таквите плаќања се започнати, јавува Anadolu Agency.

