9 мај, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАТЕХНОЛОШКИОТ ГИГАНТ СЕ ПОВЛЕКУВА! Копја се кршеа околу оваа одлука, сега и...

ТЕХНОЛОШКИОТ ГИГАНТ СЕ ПОВЛЕКУВА! Копја се кршеа околу оваа одлука, сега и официјално се откажаа од идејата!

Apple размислуваше да воведе претплата за хардвер во текот на 2022 година, но таа идеја се покажа како проблематична за имплементација.

Овој модел се планираше да работи слично на постоечките опции како што е програмата за надградба на iPhone или месечни рати преку Apple Card која им овозможува на корисниците да го исплатат уредот на месечни рати, со можност за надградба на нов уред без никакви промени
за претплатничкиот план, пренесува Bloomberg.

Претплатата е дизајнирана да се реализира преку сметка на Apple, користејќи веќе поставени начини на плаќање. Очекувањата на компанијата беа дека со директно покривање на трошоците за iPhone, корисниците почесто би ги надградувале своите уреди, што би ги зголемило повторливите приходи.

Сепак, концептот наиде на пречки слични на оние на Apple Pay Later, што ви овозможува да ги поделите купувањата на четири помали рати. Имено, хардверските претплати би можеле да бараат од Apple да ги следи прописите слични на оние за издавачките компании за кредитни картички, што би значело дополнителна регулатива која компанијата не би била подготвена да ја прифати. Исто така, потенцијалните предизвици вклучуваат и можно оптоварување во односите со телекомуникациските оператори.

Идејата за хардверска претплата никогаш не беше официјално објавена или најавена. Во меѓувреме, во јуни оваа година, Apple ја прекина својата работа на функцијата Apple Pay Later, додека Apple Card е исто така под знак прашалник, бидејќи компанијата бара нов партнер кој ќе го замени Goldman Sachs. Сега останува да се види како берзата ќе реагира на оваа вест во наредните недели, бидејќи секое повлекување од нова идеја која е дел од „Out of the box“ наидува на негативна реакција кај инвеститорите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП