22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната има суфицит од 6,8 милијарди евра во стоковната размена

Еврозоната има суфицит од 6,8 милијарди евра во стоковната размена

Според првите прелиминарни проценки, еврозоната во октомври забележа суфицит од 6,8 милијарди евра во стоковната размена со остатокот од светот, објави денеска Евростат.

Вредноста на извозот на стоки од еврозоната во остатокот од светот во октомври 2024 година изнесува 254 милијарди евра, што претставува зголемување од 2,1 отсто на годишно ниво, додека увозот во исто време е зголемен за 3,2 отсто меѓугодишно до 247,2 милијарди евра.

Во периодот од јануари до октомври годинава, еврозоната забележа трговски суфицит од 143,3 милијарди евра, додека во истиот период лани е забележан многу помал суфицит од 22,7 милијарди евра, соопшти Евростат.

Во октомври, Европската унија забележа трговски суфицит од 3,9 милијарди евра во стоковната размена, додека во истиот месец од 2023 година е забележан суфицит од 8,4 милијарди евра.

Вредноста на извозот на стоки од Европската унија во остатокот од светот во октомври изнесува 227 милијарди евра, што е за 0,9 отсто повеќе во однос на истиот месец лани, додека вредноста на увозот во ЕУ е зголемена за три отсто меѓугодишно на 223,1 милијарди евра.

Податоците за ноември ќе бидат објавени на 16 јануари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП