19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПровопулос: Грција ќе го врати кредитот од 230 милијарди до 2030 година

Провопулос: Грција ќе го врати кредитот од 230 милијарди до 2030 година

provopoulos

Грција ќе го врати кредитот од 230 милијарди евра до 2030 година, изјави директорот на Грчката централна банка Јоргос Провопулос.

Тој во интервју за „Зидојче цајтунг“ истакна дека ја разбира загриженоста на европските даночни обврзници.

– Овој пар Владата ќе даде резултати, земјата се изменува, Европејците ќе си ги вратат парите. Грците, меѓу кои и политичарите, разбраа дека тоа е последна шанса за Грција, посочи Провопулос.

Тој истакна дека спроведувањето на структурните реформи во Грција во минатото било недоволно и оти „тоа е голема грешка“.

– Неплаќањето на данок е проблем во сите држави, а во Грција е посебно распространето, посочи Провопулос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП