18 јануари, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК планира еврообврзници за 90 милијарди евра до јуни 2025-та

ЕК планира еврообврзници за 90 милијарди евра до јуни 2025-та

Еврообврзници до 90 милијарди евра ќе бидат издадени од Европската комисија (ЕК) во првата половина на 2025-та година, објави Комисијата во соопштението за печатот. Планот за финансирање ја продолжува програмата за издавање од 2024 година, според која Европската унија (ЕУ) собра 138 милијарди евра од долгорочни обврзници.

Комисијата позајмува средства на меѓународните пазари на капитал во име на ЕУ и ги става на располагање на земјите-членки и трети земји. Средствата собрани од ЕК преку издавањето продолжуваат да го поттикнуваат закрепнувањето на ЕУ од пандемијата на коронавирус, да ја зајакнат отпорноста на економијата и да ги поддржуваат соседните партнери на ЕУ, особено Украина и Западен Балкан, се додава во соопштението.

Овие големи операции за задолжување имаат за цел да го зајакнат европскиот пазар на обврзници, истовремено обезбедувајќи континуирана поддршка за политиките финансирани со нивното издавање. Покрај долгорочните обврзници, Комисијата ќе продолжи да издава и краткорочни еврообврзници како дополнување на нејзините финансиски активности.

Во 2024-та година го означи највисокиот годишен обем на емисии што некогаш емитиран од ЕУ во согласност со најавеното планирање. Покрај тоа, во 2024-та, ЕУ стана петтиот најголем издавач на зелени обврзници на глобално ниво, со зелени обврзници за над 68 милијарди евра под „NextGenerationEU“ и сега е на пат да стане најголемиот светски издавач на зелени обврзници.

За цела 2025-та година Комисијата очекува да издаде еврообврзници со вкупна вредност од околу 160 милијарди евра, обезбедувајќи континуирана поддршка за програмите засновани на заеми.

Еврообврзниците во оптек моментално вредат повеќе од 580 милијарди евра, како повеќе од 420 милијарди евра се во рамките на единствениот пристап на ЕУ за финансирање. Успешното извршување на емисиите на ЕУ беше во голема мера потпомогнато од зголеменото прифаќање на пазарот на обврзниците на ЕУ како големи, ликвидни и висококвалитетни средства.

До почетокот на декември 2024-та година вкупно речиси 330 милијарди евра од средствата собрани од операциите за задолжување ќе бидат распределени во рамките на програмата „NextGenerationEU“. Во 2024-та година веа извршени и операции за позајмување за финансирање на Украина во рамките на Украинскиот механизам (над 10 милијарди евра исплатени до 2024-та година), а итен заем за макрофинансиска помош од земјите-членки беше одобрен според Договорот за партнерство од Г-7. Дополнително, беа договорени нови политики, финансирани со издавање обврзници на ЕУ, за поддршка на земјите кандидати во рамките на Инвестицискиот капацитет за Западен Балкан и соседните земји (како Египет и Јордан).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП