27 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлумберг: Илон Маск е првиот човек кој достигнал нето богатство од 400...

Блумберг: Илон Маск е првиот човек кој достигнал нето богатство од 400 милијарди долари

Американскиот бизнисмен Илон Маск стана првиот човек кој постигнал нето приход од 400 милијарди долари, објави денеска „Блумберг“.

Нетото богатство на Маск се зголеми за околу 50 милијарди долари по инсајдерска продажба на неговиот удел во SpaceX, достигнувајќи 439,2 милијарди долари, според индексот на милијардери на Блумберг.

Акциите на компанијата “Tesla Inc.” се зголемени за околу 65 отсто во однос на периодот пред изборите во САД во ноември, поттикнати од очекувањата дека новоизбраниот претседател Доналд Трамп ќе го насочи производството на самоуправувачки автомобили и ќе ги елиминира даночните олеснувања за електричните возила што им помагаат на ривалите на Тесла.

Во меѓувреме, вредноста на компанијата за вештачка интелигенција xAI на Маск е повеќе од двојно зголемена од мај, достигнувајќи 50 милијарди долари, а Волстрит журнал минатиот месец објави дека победата на Трамп помогнала да се поттикне обновениот интерес за компанијата.

Претходно денеска, инвеститорите на SpaceX се согласија да купат акции од 1,25 милијарди долари од вработени и други инсајдери на компанијата.

Договорот, кој ја вреднува приватната компанија за истражување на вселената на околу 350 милијарди долари, го прави SpaceX највредниот приватен стартап во светот.

Компанијата заработува голем дел од своите пари од договорите со американската влада, а Трамп неодамна ја пофали визијата на Маск за испраќање астронаути на Марс во предизборните говори и му се придружи на бизнисменот на лансирањето на SpaceX во Тексас веднаш по изборите.

Се очекува Маск да има клучна улога во новата американска администрација, како еден од шефовите на новоформираниот Оддел за владина ефикасност, што ќе му даде авторитет и директна врска со Белата куќа, пишува „Блумберг“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП