17 април, 2025
ПочетнаМАКЕДОНИЈААгелер: Ако ние можевме да ги собереме доказите за Груби и Беџети,...

Агелер: Ако ние можевме да ги собереме доказите за Груби и Беџети, можат и властите

Американската амбасадорка Ангела Агелер изјави дека се разгледува можноста за дополнителни санкции за поранешниот вицепремиер Артан Груби и за судијата Енвер Беџети, кои се најдоа на црната листа и им е забранет влезот во САД поради политичко мешање во судството.

Во Соединетите Американски Држави нема да може да патуваат ниту членовите на нивните семејтсва.

Агелер на прес-конференцијата прашана од новинарите дали ќе ги обезбедат доказите пред македонските власти, рече дека САД не може да ги споделат поради прашања поврзани со приватноста, меѓутоа нема ни потреба со оглед на тоа што доказите се достапни.

„Интересно е што се соочуваме со критики во стилот: ‘Зошто го правите ова кога никој не е гонет и нема акција во земјата’. Но, ние не го спроведуваме законот во оваа држава“, рече Агелер додавајќи дека по нивната одлука, понатаму домашните власти може да преземат.

„Кога ние можевме да ги собереме доказите, можат и тие“, рече амбасадорката.

Таа не сакаше детално да ја образложи забраната за Груби и Беџети. Рече и дека црната листа не е затворена, а во иднина ќе бидат објавени и други имиња.

Во врска со најавите за дестабилизација, амбасадорката изјави дека не сака да верува оти некој би ја дестабилизирал сопствената земја.

Заклучи дека корупцијата не треба да се толерира, а оние што го поткопуваат владеењето на правото за лична корист и на сметка на народот на Северна Македонија треба да сфатат дека корупцијата има последици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП