Државниот завод за статистика ја измери стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во третото тримесечје од 2024 година на 3.0 %.
Во третото тримесечје од 2024 година, поголем пораст е забележан во секторите Е, Ж и З – Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 10.6 % и К и Л – Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 9.0 %.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2024 година, номинално расте за 3.9 %, а нејзиното учество во структурата на бруто- домашниот производ изнесува 67.7 %.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 2.0 %, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 1.0 %.
Бруто-инвестициите во третото тримесечје од 2024 година бележат номинално зголемување во делот на бруто- инвестициите во основни средства, а намалување во промената на залихите.