8 мај, 2025
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕАнџелина Џоли го шокираше водителот - се појави боса во емисија(ФОТО)

Анџелина Џоли го шокираше водителот – се појави боса во емисија(ФОТО)

Анџелина Џоли по долго време реши да гостува во една емисија, а нејзиното повратно интервју не можеше да помине без изненадувања.

Актерката Анџелина Џоли веќе некое време се крие од медиумскиот свет. По разводот со актерот Бред Пит, таа ретко се појавува во јавноста, со цел да ја заштити приватноста на своите деца.

Сепак, ниту таа не можеше долго да остане „под каменот“. Последните неколку месеци посетува филмски фестивали, каде што промовира биографски филм за познатата оперска дива Марија Калас.

Таа годинава првпат прошета на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Венеција и веднаш ги започна озборувачките гласини. Имено, странските медиуми тогаш пишуваа дека актерката по 8 години самотија имала ново момче.

Познатата оскаровка не ја објави оваа вест, но сликите од Италија говорат „повеќе од илјада зборови“.

Сега таа одговори на поканата на познатиот американски водител Џими Фалон.

Џими Фалон ја претстави Анџелина пред публиката, а потоа ги замоли сите присутни за голем аплауз. Таа влезе во студиото во долг црн фустан со едноставен крој кој ги откриваше нејзините раце.

А потоа дојде изненадувањето…

Актерката беше боса, што привлече големо внимание и кај водителот на вечерната емисија и кај публиката.

„Дали ги заборави чевлите или? праша Џими, на што таа одговори:

„Не, вчера го скршив палецот и се обидов да најдам чевли што ќе ми бидат удобни, но потоа решив дека нема да носам ништо“.

И така цело време седешеАнџелина Џоли, а судејќи по фотографиите се чувствувала повеќе од удобно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП