Соработкатa на двајцата уметници, Андреа Колумбо и Линда Асандри, доведе до креирањето на гламурозната „Glamour Beetle“ фотеља.
Дуото од „ZAC Glamour Design“ студиото лансираше уникатен пристап кон дизајнирањето на мебелот, комбинирајќи елементи на барок и делови од автомобили. Во овој случај кој можете да го видите на фотографиите, дизајнерите користеа делови од Бубата на Фолксваген, односно нејзиниот преден дел и тапацираната столица со Сваровски кристали и ЛЕД светла.
Ова неконвекционално парче мебел доаѓа со завршни детали од сребро и злато, а произведено е од страна на италијански тим на експерти за мебел.
Со својот блескав изглед, „Glamour Beetle“ се вклопува во модерните и луксузни ентериери.
Ја посакувате ли и вие оваа фотеља?