8 април, 2025
ПочетнаСВЕТПадна француската влада! Изгласана недоверба после 62 години

Падна француската влада! Изгласана недоверба после 62 години

Падна француската влада, пренесува „Гардијан“. Мишел Барние повеќе не е премиер на Франција и ќе мора да поднесе оставка и оставка на неговата влада до претседателот Емануел Макрон.

Пред Барние, во 1962 година имаше гласање за недоверба на владата на Жорж Помпиду. Барние беше премиер со краток мандат од само три месеци во таканаречената Петта република.

За време на гласањето беа обединети и левицата и екстремната десница. Против Барние гласаа 331 пратеник, а беа потребни 288.

Ова ја продолжи политичката криза во Франција по вонредните парламентарни избори во јули и по распуштањето на парламентот. Коалицијата на Емануел Макрон победи на изборите летово, но екстремната десница направи одличен резултат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП