13 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанката на Русија очекува инфлација од 8,5 отсто

Банката на Русија очекува инфлација од 8,5 отсто

Банката на Русија (БР) очекува инфлацијата во таа земја на крајот на оваа година да биде на горната граница или над претходно предвидениот опсег од осум до 8,5 отсто, најави заменик-гувернерот на централната банка, Алексеј Заботкин.

„Сегашната траекторија е блиску или над горната граница“, рече Заботкин како одговор на прашањето за инфлацијата, според Мина.

На годишно ниво, инфлацијата во Русија на 25 ноември изнесува 8,64 отсто, објави Руската статистичка служба (Росстат).

Сбербанк смета дека Банката на Русија ќе ја зголеми каматната стапка на 22 до 23 отсто на состанокот за монетарната политика на 20 декември, бидејќи инфлацијата во таа земја се уште е релативно висока.

На 25 октомври Банката на Русија објави дека одлучила да ја зголеми референтната каматна стапка за 200 базични поени, од 19 на 21 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП