Не е изненадување дека Ботаника повторно блеска во новогодишна магична атмосфера! Овој ресторан стана препознатлив по нивната посветеност во создавање незаборавни искуства за своите гости. Секој агол на просторот е внимателно декориран раскажувајќи празнична приказна која ги грее душите и ги плени срцата.

“Нашата пракса е да негуваме динамика на постојано воведување новитети и збогатување на искуството на нашите гости. Тимот на mmeventsandcrafts секогаш умее вешто да ја препознае нашата страст и со нивниот декор да ни ги покори срцата во сопствената куќа, создавајќи вистинска магија од Ботаника” вели Тилиќ Даниела, ко-сопственик и менаџер.



