9 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Ripple“ е трета по големина криптовалута со зголемување на вредноста од 100...

„Ripple“ е трета по големина криптовалута со зголемување на вредноста од 100 милијарди долари

„Ripple“ (XRP) ја засени конкуренцијата и стана трета по големина криптовалута во услови на раст од 100 милијарди долари.

Монетата во понеделникот поскапе до 2,50 долари. За тоа време нејзината пазарна капитализација надмина 137 милијарди долари, значителен пораст од само 30 милијарди долари на 5-ти ноември, кога Доналд Трамп беше избран за претседател на САД, според податоците на „CoinGecko“ цитирани од „Bloomberg“.

Победата на Трамп предизвика бран од ентузијазам на крипто-пазарите што го испрати Биткоинот до нови рекордни височини, достигнувајќи цена од речиси 100.000 долари. Но, дури и против оваа позадина, зголемувањето на цената на „Ripple“ е импресивно – во последниве недели, нејзината пазарна капитализација ја надмина онаа на конкурентите „Solana и „Stablecoin“, „USDT“, покажуваат и податоците на „CoinGecko“.

„Ripple Labs“, издавачот на „Ripple“, беше тужен во 2020-та година од страна на американската Комисија за хартии од вредност (SEC), која рече дека компанијата со седиште во Сан Франциско го прекршила законот со собирање пари со продажба на „Ripple“ без да го регистрира како хартија од вредност.

Агенцијата, под водство на Гери Генслер, потоа поднесе тужби против голем број фирми за дигитални средства. За време на неговата изборна кампања, Трамп вети дека ќе го отпушти Генслер, кој има намера да поднесе оставка во јануари – денот кога новиот шеф на државата ќе ја преземе функцијата во Вашингтон.

Пазарот на крипто ја зголеми својата пазарна капитализација за околу 1,2 трилиони долари од претседателските избори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП