21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку пари ви се потребни за да ве сметаат за финансиски успешен...

Колку пари ви се потребни за да ве сметаат за финансиски успешен во Америка?

„Парите се лош господар, но одличен слуга“. – П.Т. Барнум

Колку пари се потребни за да се сметате за финансиски успешен во Соединетите Американски Држави? Неодамнешно истражување од Empower, 13–14. Септември 2024 година, анкетираа 2.203 возрасни Американци, прашувајќи ги како тие го дефинираат финансискиот успех во однос на годишната плата и вкупната нето вредност.

Истражувањето покажа дека просечниот Американец верува дека годишна плата од нешто повеќе од 270.000 долари е доволна за да постигне финансиски успех. Сепак, ставовите на генерациите значително се разликуваат:

Генерацијата Z (родена помеѓу 1997 и 2012 година) верува дека им требаат речиси 600.000 долари годишно за да постигнат финансиски успех.

Бејби бумерите (родени пред 1964 година) проценуваат дека можат да постигнат успех со плати од нешто помалку од 100.000 долари годишно.

Просечната плата во САД е 63.795 долари, покажуваат најновите податоци на Управата за социјално осигурување.

Интересно, кога станува збор за нето-вредноста, генерацијата Z верува дека 9,5 милиони долари се показател за финансиски успех – што е девет пати повеќе од националната просечна нето-вредност.

За многумина недостапни, според истражувањата, 47% од Американците веруваат дека никогаш нема да го постигнат нивото на финансиски успех кон кое се стремат. Само 37% од испитаниците моментално се сметаат себеси за финансиски успешни, при што мажите (42%) се чувствуваат така почесто од жените (33%).

Покрај тоа, само 50% од Американците веруваат дека се или ќе бидат подобри финансиски од нивните родители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП