15 јануари, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветското производство на вино е на најниско ниво од 1961-ва

Светското производство на вино е на најниско ниво од 1961-ва

Се очекува во 2024-та година, светското производство на вино да го достигне најниското ниво од 1961-ва поради лошите временски услови, пад од 2% од лошата 2023-та година. Ова се наведува во оценките објавени од Меѓународната организација за лозје и вино (OIV).

Според прогнозите на индустриската организација, врз основа на бербата на грозје во 29 земји, која обезбедила 85 отсто од производството минатата година, светското производство на вино во 2024-та година ќе биде помеѓу 227 и 235 милиони хектолитри, или најнискиот волумен од 1961-ва година.

Со просечна прогноза од 231 милион хектолитри, жетвата е намалена за 2 отсто од 2023-та година (237 милиони хектолитри) и за 13 отсто во однос на просечното ниво во претходните 10 години.

„Климатските предизвици на двете хемисфери се главните причини за намалувањето на глобалното производство“, нагласуваат од индустриската организација, кои известуваат дека настрадале повеќето клучни региони во светот.

Европа очекува „ниско производство“, а само Португалија и Унгарија се приближуваат до просечните приноси.

Италија, која со своите 41 милион хектолитри бележи многу подобри резултати од „многу слабите количини во 2023-та година“, повторно го зазема своето место како водечки светски производител.

Од друга страна, Франција забележа најзначаен пад од година во година меѓу сите земји (-23 отсто на 36,9 милиони хектолитри) и е на второто место, забележува меѓувладината организација. Шпанија е на третото место со малку подобар обем од година во година.

САД, четвртиот најголем производител во светот, објавија просечна жетва од 23,6 милиони хектолитри, малку под обемот во 2023-та година.

Во јужната хемисфера се очекува жетвата да биде најслаба во последните две децении поради лошите временски услови.

Тој регион го балансираше вкупниот волумен кога страдаше Северната хемисфера, нагласи генералниот директор на организацијата, Џон Бејкер. Според него, 2023-та и 2024-та се „комбинација од многу тешки услови“ поради што неизвесноста значително порасна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП