22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Зголемување на платите со најбрзо темпо во повеќе од 15 години“

„Зголемување на платите со најбрзо темпо во повеќе од 15 години“

Во својот последен извештај, Меѓународната организација на трудот очекува реалните плати во светот да растат во просек за 2,7 отсто на крајот на оваа година, што е најбрзо темпо во повеќе од 15 години.

Агенцијата на Обединетите нации наведува дека платите ширум светот во последно време растат побрзо од инфлацијата, што значи дека состојбата значително закрепнува во однос на 2022 година, кога платите реално паднале за 0,9 отсто.

Организацијата истакнува дека глобалниот раст на платите е нерамномерен низ регионите, бидејќи економиите во развој забележале посилен раст од напредните економии.

Приходите во развиените земји од Г20 се намалија реално за 2,8 отсто во 2022 година и за 0,5 отсто во 2023 година, додека заработката на земјите во развој на Г20 се зголеми за 1,8 отсто во 2022 година и за шест отсто во 2023 година.

Високото ниво на нееднаквост во платите „се уште е горлив проблем“, забележува Меѓународната организација на трудот и додава дека најниско платените 10 отсто од работниците заработуваат само 0,5 отсто од вкупниот износ на платите.

Спротивно на тоа, најплатените 10 отсто од вработените во светот заработуваат речиси 38 отсто од вкупниот износ на платите, според веб-страницата на агенцијата на ОН.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП