Се очекува Европа да се соочи со најстудената зима од руската инвазија на Украина, зголемувајќи ги енергетските трошоци бидејќи континентот ги троши резервите на гас побрзо од вообичаено, пишува „Bloomberg“.
Според податоците на Европскиот центар за среднорочни временски прогнози, температурите од сега до март главно ќе останат под нивото од изминатите две години. Ова најверојатно ќе ја зголеми побарувачката за греење на највисоко ниво од почетокот на воениот конфликт, според извештајот на „Maxar Technologies Inc“.
Но, и оваа зима, како и претходните две, се очекува температурите да останат над сезонските норми. Но, и покрај тоа, Стариот континент останува ранлив на климатски нарушувања. Студената зима ќе изврши уште поголем притисок врз и онака високите цени на гасот и струјата. Ова може да се совпадне со прекинот на протокот на гас низ Украина од 1-ви јануари, кога температурите вообичаено паѓаат на најниските нивоа.

Студениот бран и слабиот ветер веќе доведоа до побрзо од вообичаеното користење на гасот од складиштето овој месец. Ова предизвикува загриженост за крајот на зимата и сезоната на обновување на резервите во текот на следното лето.
Според прогнозите, во северна и централна Европа засега ќе има поблаги зимски услови, при што можните пониски температури ќе бидат концентрирани главно на југот, во Италија и на Балканот, посочуваат и од „Maxar“.