19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНина Неданоска за Фактор: Како значајна системска банка во земјава, Шпаркасе Банка...

Нина Неданоска за Фактор: Како значајна системска банка во земјава, Шпаркасе Банка АД Скопје секако дека ќе се вклучи во пласирање на средствата од унгарскиот заем

Откако премиерот Христијан Мицкоски изјави дека е постигнат договор со неколку банки по кои услови ќе се пласираат средствата од унгарскиот заем, Шпаркасе Банка беше првата банка која излезе конкретно со став дека ќе се вклучат во пласирањето.

„По одржаните конструктивни состаноци со Владата на Република С. Македонија, сметам дека дојдовме до заеднички став за пласирање на оваа кредитна линија. Во целиот овој процес имаше заинтересираност на Банките за вклучување во оваа активност. Како значајна системска банка во земјата, Шпаркасе Банка АД Скопје секако дека ќе се вклучи во пласирање на средствата од унгарскиот заем кој Владата го обезбеди за македонските компании. Подготвени сме да ја пласираме линијата и заедно со нашите клиенти да работиме на нејзино искористување согласно најавените критериуми од страна на Владата. И во минатото сме биле корисници на кредитни линии преку Развојна банка на Република С. Македонија, кои биле наменети за зајакнување на македонската економија и истите успешно се реализирале. Вклучувањето во пласманот на оваа кредитна линија за нас е можност за градење долгорочно партнерство со нашите клиенти, како и значајна поддршка на инвестициски циклуси кои ќе го стимулираат растот на домашната економија во целина. Сакаме да служиме како пример во банкарската индустрија и пример во бизнис-заедницата со цел да мотивираме вклучување на различни субјекти кои ќе работат заедно со нас во насока на создавање здрав економски амбиент во земјата”, вели Нина Неданоска, Заменик-Претседател на Управниот Одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје за порталот Фактор.

Како што вели премиерот Мицкоски, станува збор за 300 милиони евра, кога на тоа ќе се додадат уште пола милијарда, 500 милиони евра коишто се реалоцираат од Буџетот кон општините и оние проекти коишто Министерството за животна средина и Транспорт беа закочени, тоа се 800 милиони. Имајќи предвид дека е проектиран бруто-домашниот производ на 16 милијарди станува збор за 5 проценти од бруто домашниот производ, средства којшто очекувам да бидат инвестирани ова и следната година.

„Да, после оној договор којшто го имаме со неколку од банките навистина јас сум би рекол задоволен од одговорноста на поединци и свесноста за тешката состојба во којашто македонската економија се наоѓа во моментот. Имајќи предвид дека уште пред изборите зборувавме дека како Влада ќе обезбедиме итн. Ние нашето си го направивме обезбедивме заедно, со дел од банките навистина историски најниска каматна стапка од 1,95 проценти. Под услови до три години грејс период, значи тука ќе се плаќа само каматната стапка и до 15 години рок на отплата, бидејќи има компании коишто сакаат рокот на отплата да биде пократок, да не биде толку долго. Така што оставивме простор и го вметнавме она зборче ‘до’ и мислам дека е тоа добро за економијата, имајќи предвид дека обврска на компаниите е најмалку дваесетина проценти од проектот од сопствени средства да го финансираат”, изјави претходно Мицкоски.

“Подготвени го пречекуваме сето ова и можеби сме први во регионот ако не и во Европа. Тоа што сме помали, помалубројни тоа значи понекогаш и пренос така што мислам дека многу брзо се, се адаптиравме на ова и мислам дека подготвени ќе го ќе го пречекаме сето ова. Така што би сакал уште да сумирам, ова што вие го поставивте кога прашање сите компании коишто ќе инвестира во средства за работа односно основни средства, тие ќе бидат подржани со овој проект. Максималниот износ на проектот ќе биде до 10 милиони евра. Што значи од тие 10 милиони, би требало, 20 проценти минимум да е сопствена  инвестиција што значи дека до 8 милиони евра ќе бидат финансирани од, од овој проект. Тука се опфатени објекти коишто се од обновливи извори на енергија, онаму каде што ќе се инвестира, таму нели, сите ние сме за онаа зелена  транзиција се боревме што поскоро да ги постигнеме целите имајќи предвид дека планот за раст тоа и го наметнува и сме први во регионот иако како влада последни почнавме во многу работи  и први ќе ја добиеме траншата”, појасни премиерот Мицкоски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП