22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата се клизави поради војната во Украина, тензиите ја загрозуваат...

Цените на нафтата се клизави поради војната во Украина, тензиите ја загрозуваат понудата и предизвикуваат нервоза на пазарот!

Откако го достигна највисокото ниво во последните две недели, цените на суровата нафта денеска во пад. Ова се должи на неколку потези кој ги направија бизнисмените во однос на нивните средства. Инвеститорите според информациите добро ги приспособиле своите позиции. Сепак, факторите кои го поддржуваат растот остануваат присутни на краток рок поради растечките геополитички тензии.

Информациите на глобално ниво велат дека цените на суровата нафта пораснаа минатата недела поради значителната ескалација на војната меѓу Украина и Русија. Фјучерсите на Brent на ICE скокнаа за 5,8 отсто, додека фјучерсите на WTI на NYMEX пораснаа за 6,3 отсто. Сепак, овој нагорен тренд запре за време на азиската сесија, а тоа според познавачите е поради прилагодувањето на позициите во клучните класи на средства. Трговците со нафта сметаат дека геополитичките ризици се во голема мера вклучени во цената на суровата нафта.

Пред три дена во 6:30 часот по, фјучерсите на Брент поевтинија за 0,72 отсто на 74,63 долари за барел, додека фјучерсите на WTI поевтинија за 0,53 отсто на 70,71 долари за барел. Собирот на златото и американскиот долар предизвикан од војната, исто така, ја загуби пареата – цените на благородните метали паднаа за 1,7 отсто, со што се поништи петочните добивки, додека индексот на доларот падна за 0,5 отсто од највисокото ниво во последните две години.

Едно е познато, а тоа е дека геополитичките тензии ја зголемуваат цената на нафтата. Минатата недела Украина лансираше американски ракети со долг дострел врз руска воена база. Како одговор, Русија се закани дека ќе ги намали стандардите за употреба на нуклеарно оружје и истрела хиперсонична ракета кон Украина, што претставува сериозна ескалација на конфликтот меѓу Западот и Русија.

Тоа што загрижува се стравувањата од потенцијални прекини во снабдувањето доколку Украина ја нападне руската нафтена и гасна инфраструктура. Експертите веќе посочија дека ескалацијата може да продолжи оваа недела, бидејќи украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина била цел на речиси 500 беспилотни летала и дека станала „тест полиња“ за руското оружје.

Но тоа не е единственото жариште кои има влијание врз цената на нафтата. Тензии има и на Блискиот Исток и притисок врз Иран. Информациите од светските берзи велат дека трговците внимателно го следат ризикот од израелски напад врз нафтената инфраструктура на Иран во услови на зголемени тензии меѓу двете земји. Испораката на нафта во Иран е забавена од октомври. Во меѓувреме, Меѓународната агенција за атомска енергија усвои резолуција со цел да се изврши притисок врз Иран за нова рунда нуклеарни преговори. Следниве денови се очекува средба со европските партнери Германија и Британија.

Од друга страна, информациите кои доѓаат од САД велат дека постигнат е напредок кон договорот пред Доналд Трамп да ја преземе функцијата во јануари, бидејќи се очекува новиот американски претседател да ги заостри санкциите за извозот на нафта од Иран, што би можело да го намали глобалното снабдување за 1 милион барели дневно.

Што се однесува пак на кинескиот увоз на сурова нафта, тука постои благо закрепнување, поради зголемената побарувачка на земјата. Податоците велат дека кинескиот увоз на сурова нафта во ноември се очекува да достигне 11,4 милиони барели дневно по пониски цени, што ќе биде трет највисок месечен увоз оваа година, според проценките, побарувачката на нафта во Кина ќе порасне за 1,1 отсто во 2024 година, по што ќе следи дополнителни 1,7 отсто во 2025 година. Во септември, Кина објави обемни стимулативни мерки, а дополнителното економско олеснување продолжува да го поддржува закрепнувањето на економијата. Последните податоци покажуваат значителен раст на извозот, продажбата на мало и индустриското производство.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП