5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАГејтс: Пристапот до интернет не е приоритет на човештвото

Гејтс: Пристапот до интернет не е приоритет на човештвото

Bill Gates

„Технологијата е чудесна“, изјави Бил Гејтс, но веднаш потоа додаде дека таа нема да го спаси Светот.

Во разговор со новинар на „Times“, еден од основачите на „Microsoft“ вели дека технолошкиот напредок секако има своја предност, но дека нема да ги задоволи потребите на оние на кои помошта им е најпотребна.

„Јас секако ја сакам технологијата, но кога говориме за подобрување на животните услови мораме многу да се позанимаваме со многу поедноставни работи, како што се преживувањето и подигнувањето на децата“, продолжи технолошкиот магнат кој веќе со години го финансира истражувањето против маларијата, а со милијарди долари допринесе за намалување на сиромаштијата во слабо развиените земји.

Тој ја коментираше и неодамна дадената изјава и ветување на првиот човек на „Facebook“, Марк Цукерберг, дека на целиот свет ќе му овозможи пристап до интернет. На Гејтс му се допадна идеата, а кога го запрашаа дали во тој проект гледа како еден од светските приоритети, тој веднаш одговори:

„Како приоритет? Дали Вие се шегувате?“.

„Сметам дека пристапот до интернет е клучна работа, тоа е во ред. Но јас така не мислам“, додаде тој и продолжи со неговата визија за проблемот.

„Маларијата убива деца и ја уништува популацијата веќе многу години. Не е можно да се пресмета колку штета има нанесено на Светот, но низ генерации имавме можност да го надоградиме оружјето против неа и конечно да и се стави крај“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП