24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе топи средната класа

Се топи средната класа

sr1

Во Германија, но и во многу други земји од Западна Европа, две третини од населението припаѓаат на таканаречената средна класа.

Економски гледано, тоа значи дека нивниот приход е некаде помеѓу 70 и 150 проценти од просечната плата.

Но, на пример во Романија, оваа „златна средина“, која се смета за столб на целото општество, може да се одреди само со изреката: „премногу сиромашен за да биде богат, но премногу богат за да биде сиромашен“.

Според повеќе истражувања, финансиската криза дополнително го забрза овој процес на исчезнување на средната класа во 2008 година, со тоа што, сега само 20 проценти од населението може да биде сместено во таа група.

Слична е состојбата и во регионот, во Србија, БиХ и Хрватска, а во Бугарија кога се говори за оваа класа, всушност станува збор за „невидлив“ дел од општеството, бидејќи според последните податоци, средната класа е застапена само со 4 до 8 проценти кај населението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП