21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИ„Nestle“ ќе ги оддели своите бизниси со води и премиум пијалаци

„Nestle“ ќе ги оддели своите бизниси со води и премиум пијалаци

„Nestle“ планира да ги зајакне рекламирањето и маркетингот, да ги намали вкупните трошоци за најмалку 2,8 милијарди долари до 2027-ма година и го распредели својот бизнис со води и премиум пијалаци во посебна глобална единица за да го поттикне растот, објави компанијата, цитирана од „Reuters“.

„Nestle“ прогнозира дека среднорочниот раст на органската продажба ќе биде повеќе од 4% во нормално оперативно опкружување, а основната профитна маржа од тргување ќе достигне 17%. За споредба, очекувањата за органски раст на продажбата за годината што завршува на 31 декември 2024-та година се околу 2%.

Швајцарскиот прехранбен гигант ќе ја зголеми својата инвестиција во рекламирање и маркетинг на 9% од вкупната продажба до 2025-та година за да го поддржи растот, соопшти компанијата за време на денот на пазарот на капитал.

Трошењата за рекламирање и маркетинг во 2023-та година беа 7,7% од продажбата, што е за 80 базични поени повеќе од претходната година, според последниот годишен извештај на „Nestle“.

Компанијата додаде дека планира да ги префрли своите бизниси со вода и премиум пијалаци во глобална единица од 1-ви јануари 2025-та година.

„Нашиот план ќе го подобри начинот на кој работиме со тоа што ќе не направи поефикасни и пофлексибилни. Ова ќе ни овозможи да испорачаме вредност на сите засегнати страни“, коментираше новиот извршен директор Лоран Фрекс.

Фрекс, кој е во компанијата речиси 40 години, ја презеде функцијата извршен директор во септември, на местото на Марк Шнајдер. Шнајдер со месеци ги разочарува инвеститорите со слаб раст на обемот на продажбата. Под негово раководство, „Nestle“ го трошеше својот буџет на маркетинг и рекламирање и помалку инвестираше во иновации за време на пандемијата.

Последиците продолжуваат да тежат на заработката на компанијата бидејќи купувачите се префрлаат на поевтини, подобро рекламирани или попромовирани брендови, јадејќи го пазарниот удел на „Nestle“.

Фрекс вели дека сака да инвестира многу во основните брендови на компанијата како што се „Nescafe“ и „Maggi“.

Од компанијата велат дека брендот „KitKat“ потпишал глобален спонзорски договор со Формула 1 и дека нејзиниот маркетинг буџет е зголемен за речиси 20% оваа година.

„За нашите брендови да бидат профитабилни на пазарот, мораме да инвестираме. Ќе ги генерираме ресурсите што ни се потребни преку ефикасност и лостови за раст“, ​​рече Фракс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП