21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВетувачки прогнози за доларот по победата на Трамп

Ветувачки прогнози за доларот по победата на Трамп

Доларот ќе биде силен уште долго пред се поради плановите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да воведе високи царини, изјавија стратезите на американската банкарска корпорација Голдман Сакс.

Американската валута расте од крајот на септември, што влијаеше на корекција на долгогодишната позиција на њујоршката банка дека доларот постепено ќе паѓа од својот врв.

Веќе не очекуваме пообемна депрецијација на доларот, бидејќи тој ќе биде посилен на подолг период“, напиша тимот на експерти.

Предвидувањата на банката за изминатите две години беа дека американската валута ќе падне од највисоките нивоа, но тоа беше спречено со растот на доларот за 2,4 отсто од изборите на 5 ноември.

Блумберг забележува дека американската валута ја заврши седмата последователна недела на раст, што е најдолг период од февруари и е реакција по изборот на Доналд Трамп за претседател и неговите планови за зајакнување на доларот и воведување повисоки буџетски приходи. Колку и да се оптимисти стратезите за доларот, нивните прогнози сè уште го гледаат под нивото од 2022 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП