Шпанскиот министер за економија Карлос Куерпо ги повика најбогатите земји во светот да бидат „храбри“ и да ги удвојат напорите за постигнување договор за глобално минимално оданочување на 3.000 милијардери, велејќи дека неодамнешните избори покажале дека граѓаните бараат „прераспределба на богатството“, објавија денеска западните медиуми.
Говорејќи за време на посетата на Лондон пред денешниот состанок на лидерите на Г-20 во Рио де Жанеиро, Куерпо рече дека планот добил политичка динамика од летото, кога министрите за финансии се согласија да работат заедно за да „обезбедат ефективно оданочување на ултра богатите поединци“, пренесе лондонски „Гардијан“.

