Руската државна компанија за природен гас „Газром“ ќе го прекине снабдувањето на австриската ОМВ рано во сабота, изјави во петокот австрискиот канцелар Карл Нехамер, додавајќи дека подземното складиште за гас во неговата земја е полно и дека имаат алтернативни резерви.
Прекинот уследи по најавата на ОМВ дека ќе престане да плаќа гас на австриската филијала на Гаспром за да ја надомести арбитражната пресуда од 230 милиони евра што ја доби поради претходниот прекин на испораката на гас, пишува Анадолу.

