
„River House“ резиденцијата се најде на листите на недвижности по цена од 130 милиони долари…


„River House“ резиденцијата се најде на листите на недвижности по цена од 130 милиони долари…
За прв пат, оваа резиденција стара 82 години, е ставена на продажба. Површината и е речиси 6.200 метри квадратни, а ја носи титулата за најголем и најскап имот во Њујорк. Всушност, тоа е комплекс на пет ката, кој некогаш бил приватен клуб.
Потполно опремената резиденција има 30 големи соби, со поглед на „East River“, а во тие соби спаѓаат осум спални соби, и додатно, 10 бањи. Овој имот има свој посебен влез, одвоен од арт деко зградите.
Има и огромна градина со поглед на реката, голем базен, тениски терен, домашно кино, вински подрум, потполно опремен спа центар и соба за забава.




