27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАSamsung Galaxy Tab 3 за деца веќе достапен за нарачка

Samsung Galaxy Tab 3 за деца веќе достапен за нарачка

tab kids galaxy

Новиот таблет на „Samsung Galaxy Tab 3 Kids“ веќе може да се нарача во САД пред официјалната продажба да започне на 10-ти ноември.

Хардверот на таблетот кој ќе чини 229.99 долари, ќе биде идентичен со оној на верзијата за возрасни на „Galaxy Tab 3“, но боите ќе бидат поживи, а софтверот ќе биде насочен кон младите корисници.

Таблетот кој ќе се продава во пакет со апликации за деца како „Fruit Ninja“ и „Discovery Kids“, ќе има поедноставен интерфејс и пенкало за апликациите за цртање. Таблетот ќе располага со функции за родителска контрола. Па децата нема да можат да акумулираат несвесно големи сметки и нема да можат да дојдат до несоодветни содржини.

„Tab 3 Kids“ исто така ќе нуди временски контрола која родителите ќе можат да ја контролираат, па таблетот ќе се заклучува, откако бил користен одредено време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП