18 април, 2025
ПочетнаМАКЕДОНИЈА„СКИ ЦЕНТАР ПОПОВА ШАПКА“ има нов управител

„СКИ ЦЕНТАР ПОПОВА ШАПКА“ има нов управител

“Ве известуваме дека од 01.11.2024 година за нов Управител на Друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт „СКИ ЦЕНТАР ПОПОВА ШАПКА“ ДООЕЛ Скопје е назначен господинот Абдулгани Алији. Г-дин Алији ја презема задачата за водење на еден од најзначајните Ски центри во државата во многу деликатен момент, во пресрет на зимската ски-сезона 2024/2025”, се вели во соопштението Ски-центар Попова Шапка.

“Воедно, ја користиме оваа прилика да Ве информираме дека моментално, од страна на новото раководство на Ски-центар Попова Шапка се вршат подготвителни активности на терен кои се предуслов за подобрување на понудата и оптимизирање на условите за посетителите и скијачите, а следствено на тоа и успешна ски-сезона. На новиот Управител му посакуваме успешна работа и очекуваме дека со својот квалитет и професионално искуство ќе постигне големи успеси и натамошен развој на Ски-центарот Попова Шапка”, велат од Ски-центар Попова Шапка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП