13 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДраги посочи на итни економски реформи во ЕУ по изборот на Трамп

Драги посочи на итни економски реформи во ЕУ по изборот на Трамп

Економските реформи во Европската унија станаа „уште поитни“ по изборот на Доналд Трамп за претседател на Соединетите Американски Држави.

На ова предупреди поранешниот претседател на Европската централна банка и италијански премиер, политичар и економист Марио Драги, кој дојде на неформалниот самит на Европската унија во Будимпешта да ги претстави своите предлози.

Драги на почетокот на септември објави извештај за поттикнување на растот во Европа, на која и оди лошо, особено во однос на САД.

„Препораките од тој извештај веќе беа итни, а станаа уште поитни по американските избори“, рече Драги.

„Нема сомнеж дека претседателството на Трамп ќе донесе голема промена во односите меѓу САД и Европа“, оцени тој.

Трамп вети дека ќе се справи со трговскиот суфицит на ЕУ и ќе воведе царини за европските производи. Доколку ЕУ не воведе радикални промени, ќе доживее „агонија“, предупреди Драги во септември.

Европа треба да го поттикне растот со големи инвестиции во дигиталните иновации, зелената транзиција и одбранбената индустрија, рече тој во документ од 400 страници.

Конкурентноста е во центарот на вториот мандат на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која вети дека ќе се инспирира од препораките на Драги.

Меѓутоа, со оглед на различните интереси и идеолошки несогласувања на земјите од ЕУ, успехот на реформата не изгледа загарантирана и во Германија има резерви.

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека предлогот содржи многу подобрувања и иновации кои и се потребни на Европа, но не итно.

Францускиот министер задолжен за Европа Бенџамин Хадад рече дека ова е момент на стратешко будење на Европејците и оцени дека постои голема хармонија на позициите на дваесет и седумте.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП