Државниот завод за статистика за октомври 2024 година измери пониска инфлација за 0,7 % во однос на претходниот месец.
Според статистика, намалувањето на инфлацијата во октомври 2024 година, во однос на септември 2024 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Храна и безалкохолни пијалаци за 2.2 %, Ресторани и хотели за 1.5 %, Рекреација и култура за 0.9 %.
Во октомври 2024 година, во однос на септември 2024 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 3.4 %, Облека и обувки за 1.4 %, Транспорт за 0.7 %, Здравје за 0.3 %, Домување, вода, електрика, гас и други горива, разновидни стоки и услуги за 0.2 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата и комуникации за 0.1 %.
Трошоците на животот во групата Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Индексот на цените на мало во октомври 2024 година во однос на септември 2024 година изнесува 99.9.
Индексот на трошоците на животот во октомври 2024 година, во однос на октомври 2023 година, бележи зголемување од 3.5 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.9 %.