10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAT&T го презема Vodafone

AT&T го презема Vodafone

vodafone1

Американската телекомуникациска компанија „AT&T“ ја разгледува можноста за прземање на британскиот оператор „Vodafone“, јавува „Bloomberg“.

Формалните разговори сеуште не се започнати, но „AT&T“ истражува кој имот би го задржил „Vodafone“ после постигнувањето на договор, а кој би го продал и на кого би го продал.

Американскиот гигант неодамна беше поврзуван со уште неколку европски аквизиции, како што е британскиот мобилен оператор „EE“ како потенцијална мета.

Оваа аквизиција би ја направила најголема телекомуникациска компанија според приходите. „Vodafone“ и „AT&T“ заедно би создале гигант на пазарната капитализација од преку 250 милијарди долари.

Со повеќе од 500 милиони претплатници ширум светот, компанијата би можела да им парира и на „Google“ и „Apple“, посебно во областа на мобилното огласување.

Било каквиот евентуален бизнис би морал да ја почека продажбата на „Vodafone“ на 45 проценти од акциите на „Verizon Wireless“, на почетокот на 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП