18 јануари, 2025
ПочетнаСВЕТБлискиот исток гори: Повторно многу мртви

Блискиот исток гори: Повторно многу мртви

Конфликтите на Блискиот Исток не престануваат. Израелската војска потврди дека извршила воздушни напади во Сирија, велејќи дека тие биле насочени кон инфраструктура и средства кои припаѓаат на разузнавачката група на Хезболах.

Од друга страна, медиумите јавуваат дека Мухамед Синвар, братот на убиениот лидер на Хамас, Јахја Синвар, служи како де факто лидер на военото крило на оваа милитантна група во Газа.

Медиумите јавуваат и дека највисоките американски и саудиски функционери минатата недела во Вашингтон разговарале за можен безбедносен договор кој не вклучува нормализација на односите на Ријад со Израел.

Најмалку 29 Палестинци загинаа во израелски напади низ Појасот Газа

Најмалку 29 Палестинци се убиени рано утринава во израелски воздушни напади врз кампови во кои се сместени раселените лица во неколку области во Појасот Газа, вклучително и Беит Лахиа, Деир ал Балах и градот Ал Заваида, објави официјалната палестинска новинска агенција ВАФА. Се прецизира дека 20 лица се убиени во напад на куќа во Беит Лахиа на северот од Појасот Газа, а две лица се убиени во напад на бегалски камп во Деир ал Балах во централниот дел на енклавата. Во нападот на кампот во Ал-Заваида загинаа четири лица, додека неколку други се повредени, наведува агенцијата.

Израелската армија: Пресретнати ракети од Либан и лансиран дрон од Сирија

Израелската армија (ИДФ) соопшти дека утрово биле пресретнати две ракети истрелани од Либан. Ракетите ги активираа сирените за воздушен напад во Хаифа и околните населени области. Покрај ова, армијата соопшти дека израелската воздушна одбрана пресретнала беспилотно летало лансирано од Сирија во текот на ноќта.

Стејт департмент: Хамас го отфрли предлогот на Египет за привремено примирје

Палестинската милитантна група Хамас го отфрли предлогот на Египет за краткорочен прекин на огнот и ослободување на заложниците, соопшти Стејт департментот. Египетскиот министер за надворешни работи Бадр Абделати, наводно, ја пренел одлуката на Хамас во телефонски разговор со американскиот државен секретар во неделата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП