По девет дена консумирање, црниот дроб ќе ви биде како нов.
Замастен црн дроб често е во фокусот на Ентони Вилијамс, познат и како Медицински медиум, автор на популарни книги за влијанието на исхраната врз здравјето.
Неговите совети ги променија животите на многу луѓе ширум планетата, а неговите ентузијастички следбеници ги вклучија и познатите личности. На тој список е и тенискиот ас Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена.
Покрај познатиот сок од целер, Вилијам препорачува и таканаречено смути за спасување на црниот дроб. Секоја состојка е внимателно избрана, а по девет дена консумирање црниот дроб ќе ви биде како нов, тврди познатиот здравствен гуру.
Напитокот е полн со антиоксиданси, истакнува Ентони, потсетувајќи колку е важен овој орган. Инаку, се користи т.н змејско овошје, исто така познато како питаја.
Состојки:
2 банани или 1/2 папаја
1 чаша змејово овошје (исто така познато како питаја, замрзнато или свежо)
2 шолји диви боровинки
1 чаша вода
По желба можете да додадете едно манго, стебленце целер, половина шолја никулци, половина лимета.
Подготовка:
Сите состојки се ставаат во блендер и се матат со најголема брзина до 2 минути. Доколку е потребно, додадете уште вода. Пијте веднаш.