Кандидатот на Републиканската партија на претседателските избори во САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека ќе воведе царина од 25 отсто за производите од Мексико доколку претседателката на земјата, Клаудија Шејнбаум, не ја запре илегалната имиграција преку границата меѓу САД и Мексико.
„Ќе ја известам на или пред првиот ден (од мандатот) дека ако не го спречат овој прилив на криминалци и дрога кои доаѓаат во нашата земја, веднаш ќе воведам царина од 25 проценти за се што ќе испратат во САД. “, рече Трамп на митинг во Рајли во Северна Каролина.

