15 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОрбан: БРИКС ги надмина западните економии на глобалниот пазар

Орбан: БРИКС ги надмина западните економии на глобалниот пазар

Според економските показатели, групата земји БРИКС веќе го надмина Западот на глобалниот пазар, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Во изјава за унгарската телевизија, Орбан рече и дека економскиот потенцијал на блокот бил истакнат на самитот на БРИКС во Казан, Русија.

Самитот на БРИКС се одржа во Казан од 22 до 24 октомври.

Зборувајќи за самитот на БРИКС, Орбан рече дека тоа е „економијата на источниот свет“.

„Пред 20 години ова немаше да биде голема вест, но сега овие земји вредат, според економските показатели, повеќе од западната економија“, рече Орбан.

БРИКС е меѓувладина асоцијација основана во 2006 година, а Русија го презеде ротирачкото претседателство со блокот на 1 јануари 2024 година.

Покрај Русија, Бразил, Индија, Кина и Јужна Африка, кои се првите членки, БРИКС сега ги вклучува и Египет, Етиопија, Иран, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија, се наведува на веб-страницата на руското претседателство на БРИКС.

Саудиска Арабија, наводно, не го формализирала своето учество, но учествувала на состаноците на БРИКС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП