13 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКакви последици може да има врз светската економија од зголемениот протекционизам?

Какви последици може да има врз светската економија од зголемениот протекционизам?

Европската унија во средата (30 октомври) воведе дополнителни давачки за електричните возила увезени од Кина. Станува збор за таканаречените компензаторни давачки. Како што велат од Европа, кинеските производители на автомобили уживаат субвенции кои им даваат значителна предност на европскиот пазар.

Вакви мерки не се воведени првпат. Кина, како и САД и многу европски земји, често во минатото воведуваа специјални царини за увезените производи. Тоа беше случај со соларните панели, медицински производи, полупроводници, челик и алуминиум, па дури и прехранбени производи. Конфликтите често биле толку остри што ги нарекувале „трговски војни“.

„Во текот на деведесеттите го доживеавме врвот на глобалната економија. Целата светска економија беше една голема фабрика. Секој можеше да произведува онаму каде што е најисплатливо за неговиот производ и да продава таму каде што има заинтересирани купувачи“, вели Улрих Катер, главен економист на ДекаБанк.

Но, многу се промени во последните децении. Кина напредна. Таа веќе не е „светска фабрика“ за евтино производство, туку одамна се етаблира како важен играч во глобалната економија.

Од друга страна, Американците се плашат за нивната повеќедецениска доминација, Доналд Трамп игра клучна улога во тој процес – за време на неговиот прв мандат како претседател на САД, тој работеше според неговиот слоган „Америка на прво место“, а администрацијата на Бајден го продолжи тоа и го зајакна.

Европејците, особено Германија како извозен шампион, се најдоа „помеѓу два огна“. „Ни требаат суровини од Кина, како и фотоволтаични инсталации. Ако сега воведеме високи царини, знаеме дека Кинезите ќе реагираат и тоа може да има негативно влијание врз нашиот економски раст“.

Проблемот е што светот се повеќе се дели – и економски и политички. Од една страна има државни и субвенционирани проекти, додека од друга страна има релативно слободен пазар. Има се помалку еднакви услови за конкуренција. Се почести се протекционистичките мерки.

Сепак, ниту една мерка не е без последици. Кога се воведуваат царини за електричните возила увезени од Кина, тоа влијае и на германските производители на автомобили, бидејќи тие произведуваат во Кина за кинескиот пазар – кој е најголем во светот, но и за светската трговија. Слични проблеми имаат и производителите на машини, постројки, електротехниката и хемиската индустрија.

Иако ова можеби нема да доведе до целосен колапс на благосостојбата, „поединечните промени ќе предизвикаат поскапување на стоките за широка потрошувачка, а некои стоки може да бидат достапни само во одредени делови од светот или да станат премногу скапи поради царините, велат експертите.

Според повеќето економисти крајот на слободната трговија е веќе реалност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП