21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во САД во септември падна на 2,1 отсто

Инфлацијата во САД во септември падна на 2,1 отсто

Во САД годишната стапка на инфлација врз основа на приватната потрошувачка (PCE) се намали на 2,1 отсто во септември од 2,3 отсто во август, објави денеска американското Министерство за трговија.

Така, инфлацијата е блиску до целта на монетарната политика на Федералните резерви (ФЕД). На месечно ниво, инфлацијата во септември изнесува 0,2 отсто.

Базичната инфлација, поврзана со потрошувачката, која не ги зема предвид турбулентните цени на енергијата и храната, а централната банка повеќе ја зема предвид во својата политика, во септември се задржа на годишно ниво од 2,7 отсто, додека на месечно ниво бележи пораст од 0,3 отсто.

Сепак, верувањето меѓу аналитичарите од Волстрит останува дека ФЕД повторно ќе ја намали основната каматна стапка за 0,25 процентни поени на состанокот на Комитетот за отворен пазар следната недела.

Во септември цените на услугите пораснале за 0,3 отсто, додека цената на стоките паднала за 0,1 отсто. Домовите поскапеа за 0,3 отсто, храната за 0,4 отсто, а енергијата за 2,0 отсто.

Извештајот на Министерството за трговија, исто така, покажа дека потрошувачките трошоци се зголемиле за 0,5 отсто во септември во однос на август, личниот доход пораснал за 0,3 отсто, а стапката на штедење благо паднала на 4,6 отсто од расположливиот приход по оданочување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП