21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во еврозоната во октомври порасна на два отсто, повеќе од очекуваното

Инфлацијата во еврозоната во октомври порасна на два отсто, повеќе од очекуваното

Инфлацијата во земјите кои го имаат еврото како валута порасна повеќе од очекуваното во октомври – на два отсто на годишно ниво, објави денеска агенцијата за статистика на ЕУ, Евростат.

Растот беше поттикнат од зголемувањето на цените на храната.

Во септември инфлацијата во еврозоната беше 1,7 отсто, што е најниска во последните три и пол години.

Зголемувањето на потрошувачките цени останува во рамките на целта поставена од Европската централна банка (ЕЦБ), но сепак е нешто повисоко од предвиденото.

Аналитичарите од FactSet и Bloomberg процениле во просек дека цените ќе се зголемат за 1,9 отсто во октомври по растот од 1,7 отсто во септември.

Забрзувањето на стапката на инфлација уследи по двомесечно забавување. Растот на цените падна на 2,2 отсто во август по 2,6 отсто во јули.

Зголемувањето на инфлацијата во октомври главно се објаснува со забрзувањето на поскапувањето на храната, вклучително и тутунот и алкохолните пијалоци. Тие цени се зголемија за 2,9 отсто во октомври на годишна основа, по порастот од 2,4 отсто во септември.

Цените на енергетските производи, вклучително и горивото кај пумпите, во октомври паднаа за 4,6 отсто, а во септември за 6,1 отсто.

Зголемувањето на потрошувачките цени во еврозоната е значително помало од рекордните 10,6 отсто на годишно ниво во октомври 2022 година, кога цените на енергијата скокнаа поради војната во Украина.

Поради забавувањето на растот на инфлацијата, Европската централна банка успеа повторно да започне со олабавување на монетарната политика оваа пролет.

Од јули 2022 година, таа ги зголеми трошоците за позајмување пари со невидено темпо за да ја заузда инфлацијата по цена на големо забавување на економскиот раст.

Европската централна банка на 6 јуни ја намали основната каматна стапка и го даде првиот стимул за рестартирање на пазарот на недвижности и кредитирање на стопанството, а ги намали и каматните стапки на 12 септември и 17 октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП