17 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе зголемуваат приходите и заштедите на европските домаќинства

Се зголемуваат приходите и заштедите на европските домаќинства

Во вториот квартал од 2024-та година, во Европската унија (ЕУ) и во еврозоната расте реалната потрошувачка на населението, приходите на домаќинствата, како и нивните заштеди. Ова го покажуваат најновите податоци на Евростат објавени во средата.

Реалната потрошувачка на домаќинства по глава на жител покажа иако благ пораст во споредба со претходниот квартал и во еврозоната и во ЕУ.

Во еврозоната беше 0,1% наспроти растот од 0,4% во првиот квартал. Порасна и реалниот приход на домаќинствата по глава на жител – за 0,4%, наспроти растот од 1,1% во првиот квартал од годината.

На ниво на Европската Унија, податоците говорат за нешто поголем раст од оној во еврозоната. Реалната потрошувачка по глава на жител на домаќинствата се зголеми за 0,2% во вториот квартал, откако се зголеми за 0,3% во првиот квартал. Реалниот приход се зголеми за 0,6% по порастот од 1% во првиот квартал од 2024-та година.

Во вториот квартал од 2024-та година, сезонски прилагодениот бруто расположлив приход на домаќинствата се зголеми за 0,7% во еврозоната и за 1% во ЕУ. Растот главно се објаснува со значителниот позитивен придонес на платите и социјалните плаќања и во еврозоната и во ЕУ. Негативно делуваат даноците и нето социјалните придонеси.

Потрошувачка (сина) и приход (жолта), извор: Евростат

Раст на заштедите

Податоците на Евростат за вториот квартал покажуваат и зголемување на заштедите на домаќинствата – за 0,3 процентни поени (п.п.) во еврозоната и за 0,5 п.п. во ЕУ во однос на претходниот квартал.

Зголемување на нивото на штедење има во осум земји, со најзначаен раст во Данска (6,1 п.п.) и Унгарија (5 п.п.). Спротивното е забележано во Шпанија (пад од 1 п.п.) и во Ирска (0,8 п.п.).

Од друга страна, се забележува пад на нивото на инвестиции на домаќинствата за 0,1 п.п. и во еврозоната и во ЕУ.

Меѓу земјите-членки за кои беа објавени податоци, забележан е пораст во четири земји-членки. Најголем пораст е забележан во Холандија (0,6 п.п.), Ирска и Унгарија (и двете од 0,4 п.п.), а најголем пад – во Данска и Италија (и -0,5 п.п.) и Франција (-0,3 п.п.).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП