19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзненадувачки раст на германската економија во третиот квартал

Изненадувачки раст на германската економија во третиот квартал

Германската економија изненадувачки зајакна во третиот квартал. На квартално ниво, БДП порасна за 0,2 отсто, покажува првата проценка на германскиот завод за статистика.

Во меѓувреме, стапката на невработеност во најголемата европска економија остана на шест отсто.

Германскиот бруто домашен производ (БДП) е намален за 0,1 отсто во вториот квартал од оваа година. Извозно ориентираната економија во последните месеци се бори со падот на глобалната побарувачка, повисоките трошоци за енергија и други предизвици, пишува германската новинска агенција dpa.

Во меѓувреме, стапката на невработеност остана непроменета на шест проценти на месечна основа, покажуваат податоците на Федералната агенција за вработување. Есенскиот тренд на поголема вработеност годинава не се оствари, ги коментираше податоците претседателката на Агенцијата Андреа Налес.

Како што пренесува dpa, Германија во последните 20 години нема забележано толку мал пад на стапката на невработеност во октомври.

Во Германија во октомври имало 2,791 милиони невработени, што е за 16.000 помалку од септември. Истовремено, според сезонски прилагодените податоци, бројот на невработени на месечно ниво се зголемил за 27.000, пренесува германската агенција за печат. На годишно ниво бројот на невработени е зголемен за 183 илјади.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП