19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд утре, протести па штрајк на Државното правобранителство

Од утре, протести па штрајк на Државното правобранителство

Вработените во Државното поравобранителство утре ќе ја предупредат владата дека ќе стапат во штракј доколку не добијат повисоки плати.

Според информациите на Денар, вработените од Државното правобранителство ќе се соберат пред Основниот Суд Гостивар каде со Синдикаторт УПОЗ на јавноста ќе им ги презентираат плановите за секојдневните протести кои ќе бидат поради игнорантскиот однос кој го имаат од политичарите од сите политички партии за нивната мака.

Околу 300 вработени од Државното правобранителство од утре почнуваат со протести кои ќе бидат организирани во повеќе градови низ државата. Причината е позната, не можат веќе да работат за плата која се движи од минималец до под просечна плата.

Според информациите на Денар еден службеник од оваа институција работи во просек како за тројца, но плата зема како за половина работник. Ова мора да престане бидејќи велат дека не само протести туку и комплетно ќе ја игнорираат целокупната работа.

Нивното основно барање е да добијат писмен гарант од владата дека согласно буџетот за 2025 година ќе бидат предвидени дополнителни пари за додаток на нивните плати.

„Вработените во правобранителството се подготвени да прекинат со работа, и нема да ги работат оние предмети за експропријација за државно земјиште. Тоа значи ако не се најде решение за овој проблем би се прекинала и експропријацијата за автопатите кои треба да се градат на територија на Република Македонија“, велат од УПОЗ.

Дополнителен проблем за вработените во Државното правобранителство е тоа што за сега не е назначен Државен правобранител, и затоа немаат со кого да преговараат. Бараат итна средба со владините функционери се со цел убаво да им се објаснат нивните проблеми.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП