Тунели за кои античката цивилизација Запотек верува дека го претставуваат „влезот во подземјето“ се пронајдени под црква во населбата Сан Пабло Вила де Митла.
Ова место, во јужниот дел на Мексико, со векови се поврзува со Питао Белеза, богот на смртта од Запотек и долго време е под лупата на археолозите и научниците.
Забележано е дека градот Запотек, заедно со храмот, бил уништен за време на шпанската инвазија во 16 век. На истата локација, освојувачите ја изградиле црквата Сан Пабло, која стои и денес, пишува Дејли мејл.
Во античките записи се пронајдени индиции за лавиринт од пештери и подземни простории, кои останале недопрени со векови, но последователните ископувања не биле успешни.

Користејќи неинвазивни техники, археолозите неодамна открија серија подземни комори и тунели, а основачот на проектот ARX Марко Вигато рече:
„Некои тунели се протегаат на длабочина од 15 метри. Во јужниот дел до триесет, барем толку можат дофатат нашите инструменти“.

Тој додава дека подземната комора под црквата Сан Пабло е долга 15 метри и широка 10 метри.
„Можно е тунелите, особено под црквата, да се протегаат понатаму на север, исток и југ.
Постои можност тунелите да се користеле, меѓу другото, и за погребување на запотекските кралеви.
Во текстот Geografica Descripción од 1674 година, свештеникот Франциско де Бург вели дека кралевите почиваат во „богато украсена облека со пердуви, златни ѓердани и скапоцени камења“.
Опишани се и пештерите во кои се наоѓа „погребната комора“ за свештениците од Запотека, како и „морничавата соба“ во која биле оставени телата на жртвите од војните.
„Овој древен народ верувал дека пештерите и подземните простории се всушност влезот во подземниот свет, или Лиобаа“, заклучува Вигато.