17 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАФИНАНСИСКИ АЛАРМ: За три недели САД акумулираа долг од 473 милијарди долари

ФИНАНСИСКИ АЛАРМ: За три недели САД акумулираа долг од 473 милијарди долари

Министерството за финансии во септември објави дека за прв пат годинава американската влада потрошила повеќе од трилион долари за отплата на камати за јавниот долг, кој тогаш изнесуваше 35,3 трилиони.

Во текот на изминатите три недели, државниот долг на САД се зголеми за 473 милијарди долари, на рекордни 35,8 трилиони долари. Економистите укажуваат дека тоа значи дека САД го ставиле секој Американец во дополнителен долг за уште 1.450 долари. Пресметката покажува и дека сегашниот американски долг е 106.100 долари по лице.

Министерството за финансии во септември објави дека за прв пат оваа година американската влада потрошила повеќе од трилион долари за исплата на камати за нејзиниот јавен долг од 35,3 трилиони.

Ваквото алармантно зголемување се објаснува со секундарните ефекти кои произлегуваат од агресивните зголемувања на каматните стапки за да се спречи инфлацијата од страна на Федералните резерви на САД (ФЕД). Во тој процес, монетарната политика го поскапи сервисирањето на долгот, бидејќи се исплаќаа повисоки приноси на државните обврзници.

Со тоа што ФЕД ги држи референтните стапки на нивното највисоко ниво во последните 23 години, владата издвои 1,049 трилиони долари за сервисирање на долгот, што е за 30 отсто повеќе од истиот период минатата година.

Скокот на трошоците за сервисирање на долгот дојде откако американскиот буџетски дефицит се зголеми во август, приближувајќи се до 2 трилиони долари за целата година.

Растечкиот национален долг предизвикува сериозна загриженост за фискалната траекторија на Соединетите Држави, поттикнувајќи критичко испитување на тековната економска политика.

Економистите предупредуваат дека без силна, долгорочна стратегија за ограничување на овој неодржлив раст на долгот, земјата ризикува да ја загрози својата финансиска стабилност и потенцијално да ги оптоварува идните генерации со непремостлив економски предизвик.

Економистот и соработник во Центарот за федерален буџет на фондацијата Херитиџ, И.Џ. Ентони предупреди дека „55 центи од секој долар што федералната влада го потрошила во август биле позајмени“.

-Во неволја сме, изјави Ентони на Х.

Јавниот долг сериозно се заканува да ја турне Америка во „должничка спирала на смртта” и последици би можеле да се почувствуваат низ целиот свет.

Да потсетиме, на крајот на јули, бруто националниот долг на северноамериканска сила за прв пат во историјата надмина 35 трилиони долари.

Американскиот претседател Џо Бајден го потпиша законот за плафонот на долгот во јуни минатата година за да избегне неисполнување на обврските што може да доведе до „економска и финансиска катастрофа“ во земјата, како што предупреди Министерството за финансии. По постигнувањето на конечниот договор, Претставничкиот дом и Сенатот дадоа поддршка за нацрт-законот за суспендирање на лимитот на долгот до 1 јануари 2025 година.

Плафонот на долгот е вкупниот износ на пари што американската влада може да го позајми за да ги исполни постоечките законски обврски, како што се плаќање на социјална помош или бенефиции за Medicare, воена плата, камата на националниот долг, враќање на даноците и други плаќања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП