Потрошувачите во еврозоната очекуваат просечната инфлација во следните 12 месеци да биде 2,4 отсто, што претставува пад во однос на 2,7 отсто од претходната августовска анкета, е заклучокот на истражувањето на Европската централна банка (ЕЦБ) за септември. Инфлациските очекувања на граѓаните на еврозоната за следната година сега се најниски од септември 2021 година.
Инфлациските очекувања за следните три години се исто така пониски од минатиот месец, бидејќи потрошувачите рекоа дека очекуваат инфлацијата да биде 2,1 отсто, што е помалку од август кога предвидуваа просечна инфлација од 2,3 отсто во следните 36 месеци, се вели во извештајот.

